Во Битола почина примариус д-р Димитар Котевски

Попладнево во Битола почина Димитар Котевски (92), познат и признат општествено-политички деец, афирмиран научник, прв доктор на медицински науки во Битола и еден од втемелувачите на здравството во Битола.
Доктор Котевски е познат по неговиот ангажман за формирање на очно одделение, иницијатор за формирање на повеќе специјалистички одделенија во Медицинскиот центар, како основа за иднината Клиничка Болница-Битола.
Д-р Димитар Котевски е еден од основачите на Македонско научно друштво-Битола, повеќегодишен претседател и избран доживотен почесен претседател на МНД-Битола. Котевски има директен придонес во формирањето на Универзитетот во Битола, посебно е неговото залагање на Вишата медицинска школа во Битола, а за посебните заслуги и придонес во развојот на офтамологијата избран е за почесен член на здруженијата на офтамолозите, како и на Сојузот на слепи лица на Република Македонија.
Примариус доктор Димитар Котевски е добитник на бројни високи домашни и меѓународни признанија, наградата за животно дело на општина Битола, како и државната награда за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност „Мајка Тереза“.
Посмртните останки на д-р Димитар Котевски ќе бидат изложени утре од 9 часот во Храмот „Св. Димитриј“, а погребот ќе биде извршен во 13 часот на Светонеделските гробишта во Битола.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
