Во Битола пет новородени бебиња, првото машко
Во Битола на 1 јануари се родија пет новороденчиња, а првото бебе е машко.
Според востановената традиција, градоначалничката Наташа Петровска оствари средба со дежурниот медицински тим на гинеколошкото одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, преку кои на родителите им честиташе за новороденчињата.
– Добре ни дојдоа на свет нашите пет нови сограѓани. Нека ни се здрави, живи и вековити. Честитки до родителите семејствата и честитки до дежурните екипи на Клиничка болница за нивната професионалност и посветеност. Честитки за мајката на првороденото кое ни дојде во нашиот град првата минута после полноќ. Оваа година, за разлика од минатите, одлучивме од здравствени и безбедносни причини да не ги посетиме директно мајките и новородените, но секако тоа не нè прави помалку топли и помалку искрени во нашата радост за она што ни го донесоа, а тоа е пред сè нов живот, порача градоначалничката Петровска.
Градоначалничката Петровска за првороденото бебе додели ваучер во вредност од 20.000 денари, а симболично ги награди и останатите родилки и нивните деца, породени на првиот ден од новата 2021 година.
Ново на Сител
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
-
Ватикан: Папата ноќеска добро се одморил
-
Францускиот лекар, обвинет за силување деца, призна дека правел „одвратни работи“
-
10 години не плаќал данок преку неговите 4 фирми, кривична за газда од Тетово
-
Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година
-
Путин им нуди договор на САД за наоѓалишта на ретки суровини
-
Најмалку четворица загинати при уривање на мост во изградба во Јужна Кореја