Во Битола отворено Меѓународното графичко триенале

Графичкото триенале во Битола не е манифестација нити проект, затоа што овие два збора во последно време се многу искомпромитирани, графичкото триенале во Битола е нов концепт во светски размери, истакна Владо Ѓоревски, раководител на Графичкото триенале кое од денеска е отворено во Битола.
Годинава на Графичкото триенале учествуваат автори од 167 држави со што се смета за еден од најголемите вакви настани во светот кој се занимава со откривање на анонимни, непознати автори на исклучителни дела, посочи Ѓоревски.
- Графичкото триенале во Битола е надвор од финансиските, надвор од материјалистичките и естрадно амбициозните претензии. На ова издание имаме учесници од неколку држави кои во моментов крварат како што на пример е Сирија од каде добивме дела на 10 автори и тоа многу потресни дела, а кои се многу важни за човечкото творештво. Најновото деветто издание го поставивме на нови основи бидејќи има значителни промени во амбиентот кој владееше пред 30 години и денес, за жал ова е време кога се се заборава, време на потполна рамнодушност, време кога духовното е тотално девалвирано и е нападнато од една бескрупулозна корумпирана материјалистичка состојба и која е голем непријател на творештвото, истакна Ѓоревски.
Меѓународното графичко триенале кое се одржува под покровителство на Министерството за култура го отвори директорката на НУ Завод и Музеј-Битола, д-р Мери Стојанова која нагласи дека културниот настан е со светски предзнак и со изградено реноме и статус во рамки на светската графика.
Ново на Сител
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
-

Судење „Штекли“: Презентирани форензички вештачења и ДНК анализи, обвинителството тврди дека групата била строго хиерархиска
-

15-годишник нападнат од женско лице во Кисела Вода
-

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите
-

Пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР
