Во Билтенот на МВР пријави во врска со изборниот процес во Скопје, Велес и Битола
Неколку пријави во врска со нарушување на изборниот процес во Скопје, Велес и Битола се регистрирани во дополнението на Билтенот што го објави денеска Министерството за внатрешни работи.
Во Полициската станица Карпош, Ј.У.(75) од Скопје вчера во 9.20 часот пријавил дека добил СМС порака од непознато лице, кое според содржината го наведувало на изборите да гласа за одредена партија. Со случајот бил запознат Јавен обвинител и се работи на негово расчистување.
Во СВР Велес вчера било пријавено дека П.А. од Градско, пред доаѓање на Избирачкиот одбор, дошол во дворот на А.С. (лице со здравствени проблеми) на ул.„Борис Трајковски“ и му дал 1.000 денари за да гласа за одредена политичка партија. Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со П.Е., старател на А.С. и со потврда банкнотата билa одземена. Бил извршен разговор и со П.А., а СВР Велес презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Во СВР Битола било пријавено дека ноќеска во 01.30 часот по полноќ, во с.Новаци, битолско, В.Ј. од истото село растурал летоци. Тој бил приведен во Полициското одделение Новаци. Се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
-

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат
-

Николовски: Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорот 8 ќе чини 5 милијарди евра
-

Кариерен ден што ги отвора вратите за младите
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
