Во БИХ пронајдено телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите
Уште едно безживотно тело е пронајдено во реонот на градот Коњиц. Ова е последното лице по кое се трагаше по катастрофалните поплави кои зафатија неколку градови во Босна и Херцеговина, со што заврши потрагата во сите градови.
„Моите колеги штотуку ме информираа дека едно лице е пронајдено во областа Коњиц, со што е завршена потрагата по исчезнатите“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита.
Вкупно пет лица го загубија животот во областа Коњиц. Телото пронајдено денеска е на машко лице, чија сопруга исто така беше пронајдена мртва пред неколку дена. Во Јабланица вчера се одржа колективна погребна молитва за 19 жртви од поплавите на подрачјето на Долна Јабланица.
Вкупно 27 лица загинаа во свлечиштата и поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина на почетокот на месецот, 19 во областа Јабланица, пет во Коњиц и уште три во Фојница.
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
