Во бездна без траги на насилство пронајден 48-годишен маж

Во бездна во атарот на селото Ѓузумелци, Општина Лозово, вчера од семејството е пронајден 48-годишниот Д. З. Неговото безживотно тело е пронајдено во месноста Бели Брег. Повикана е Итната медицинска помош од Свети Николе, а лекарот констатирал дека на неговото тело нема траги на насилна смрт.
Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова, информира дека од страна на полицијата е извршен увид на местото на настанот. Истиот ден во Полициската станица Свети Николе, 61-годишниот С. Г. од Свети Николе пријавил дека на улицата „Плоштад Илинден“ во Свети Николе го пронашол починат 73-годишниот Б. З. од Свети Николе. Од страна на лекар било констатирано дека на телото нема траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Свети Николе.
Во текот на вчерашниот ден нотиран е еден физички напад во Кочани и агресивно однесување кон полициски службеник во Кочани. Панајотова вели дека 44-годишниот И. М. од Кочани агресивно се однесувал кон полицискиот службеник. Лишен е од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
