Во Берово заврши 11-то издание на Етно Плоштад Фестивал

Со концерт на балканската звезда Џенан Лончаревиќ, синоќа во Берово беше означен крај на петдневната програма, како дел од 11-тото издание на „Етно Плоштад Фестивал“.
Настанот кој од 23 до 27 август оваа година угости над 30 илјади посетители, во изминатите пет вечери, понуди врвно музичко доживување за сите возрасти, задржувајки го етно-елементот, како носечки звук, препознатлив за малешевскиот крај.
Голема поддршка за организирање на настанот, општината доби од компанијата Зегин, чиј сопственик Благој Механџиски се заблагодари за честа која му беше укажана да даде свој придонес во организацијата.
– Оваа година е побогата програмата, продолжена во повеќе денови. И самата агенда на манифестацијата е за сите генерации, од најмалите до најстарите. Се надевам дека соработката со општина Берово ќе продолжи и понтаму. Сакам на беровци да им го честитам празникот посветен на Св.Богородица, за кој ние беровци велиме „Кај и да си, за Богородица, дома да си“, рече Механџиски.
Со ваквата силна поддршка од Зегин и останатите компании, беровскиот градоначалник Звонко Пекевски е уверен дека фестивалот во иднина ќе понуди уште поквалитетни содржини.
– Верувам дека ова што го направивме заеднички, ќе значи многу за граѓаните, ќе значи многу и за општината и верувам дека и во иднина со силна поддршка од Зегин и другите фирми ќе можеме да сметаме на богата културно-уметничка програма што ќе значи, нови содржини и нови можности за општина Берово, рече Пекевски.
Фестивалот започна на 23 август со концерт на Влатко Стефановски, Горан Алачки и групата Етно Малеше, а во гтекот на петте евечер на Етно Плоштад Фестивал свој настап имаа и Влатко Лозановски, Бени Нон, Стоп, Евто Пупиновски, Синтезис и многу други. Рекордната посетеност на малото гратче за време на фестивалот, на Берово повторно му го донесе епитетот најпосетено туристичко место во летото кое полека привршува.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
