Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
Погребално претпријатие во Берово ископувало стари гробови и остатоците од починатите лица ги фрлало на друга локација, соопшти СВР Штип.
Според информациите од ОВР Берово, пред два дена, на местото викано „Црвени брегови“, во атарот на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги како фрла и закопува човечки остатоци на градежна депонија. По добиената пријава, во координација со јавен обвинител, бил извршен детален претрес на локацијата со механизација од Јавното комунално претпријатие. Првичните резултати не откриле докази за кривично дело, но биле пронајдени градежен шут и отпад.
Сепак, по дополнителна истрага, полицијата дошла до сознание дека истиот извршител во повеќе наврати вршел ископ на стари гробови и остатоците од починатите ги префрлал на друга локација.
Подоцна бил извршен увид и на гробиштата во селото Смојмирово, каде на јужната удолница биле пронајдени пет коски што наликуваат на човечки.
По целосно расчистување и документирање на случајот, надлежните ќе поднесат соодветна пријава против одговорните лица.
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри