Во Берово -11 степени, денеска сончево со мала до умерена облачност

Бо Берово утрово беа измерени - 11 степени, во Штип, Демир Капија и Струмица - 8, во Битола - 7, во Скопје, Дебар, Тетово и Крива Паланка - 6, во Прилеп и Куманово -5, во Лазарополе, Виница и Маврово - 4, во Претор и Охрид - 3, во Гевгелија -2, Пожаране и Ѓуриште - 1, во Тополчани и Крушево 0 и во Дојран 1 степен.
Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и претежно тивко. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температура ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно ќе преовладува умерено, наместа значително облачно со услови за изолирана појава на краткотраен слаб дожд, а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
