Свет
5. October 2016 - 8:29

Во Берлин состанок за Сирија

Во Берлин денеска состанок ќе одржат САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија во обид да пронајдат начини за решавање на конфликтот во Сирија.

Според неименуван претставник на германското МНР, германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер е во потрага по политичко решение за судирот откако беа откажани разговорите меѓу САД и Русија за примирје во Сирија.

Цел на состанокот е да се најдат начини за прекин на насилствата во Сирија и враќање на политичкиот процес.