Во Белград уапсен роднина на Милан Зарубица поради илегално производство на синтетичка дрога
Специјален суд во Белград одреди мерка притвор од 30 дена за Бојан Зарубица, роднина на Милан Зарубица кој пред два дена беше уапсен во Македонија поради илегално производство на синтетичка дрога.
Бојан Зарубица е осоничен дека од Земун го снабдувал својот чичко со опрема за производство на дрогата – каптагон, во лабораторија близу Тетово.
Портпаролка на Судот изјави за Танјуг дека на Бојан Зарубица му е одреден притвор од 30 денови поради опасност од бегство и поради постоење посебни околности дека во кратко време може да повтори кривично дело.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти во петокот дека остварувајќи меѓународна правна соработка во предистражна постапка со Јавното обвинителство за организиран криминал и Министерството за внатрешни работи на Република Србија, откри инсталација на најголема лабораторија за неовластено производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.
За координирање на паралелна прекугранична истрага и соработка бил формиран Заеднички истражен тим на органите од двете држави.
Станува збор за меѓународна организирана криминална група, составена од државјани на Република Србија и македонски државјани, која се занимава со неовластено производство, обработка, поседување, пренос, посредување во продажба или купување, како и на друг начин неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Во исто време, од страна на групата во Тетово била опремена илегална лабораторија за производство на синтетички дроги и прекурсори, со намера за натамошна продажба и организирање на испорака на истите во Република Македонија, Република Србија и во други земји.
Уапсени се осум членови на органзираната криминална група, меѓу кои и организаторот на групата Милан Зарубица.
Во илегалната лабораторија бил сместен погон за таблетирање, а биле запленети и околу 300 килограми амфетамински таблети.
Во акцијата покрај запленувањето на една поголема лабораторија во Тетово, откриена е и една лабораторија на групата на територијата на Србија.
Ново на Сител
-
Папата Франциск од болница одобри декрети за нови кандидати за можна канонизација
-
Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи, трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите
-
Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење на повеќе од 500 парчиња облека
-
17-годишник излетал од пат со автомобил, повредени неговите малолетни сопатници
-
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи