Во Белград полицијата ги раздвои протестите против војната во Украина и оној против НАТО
Во центарот на Белград, на Кнез Михајлова, се одржува протест на женската мировна организација со феминистичко-
Жените во црно, околу 20-тина активисти носејќи голем транспарент на кој пишува „Стоп на војната во Украина“ на протестот ги посочија пораките против руската окупација и војната во Украина, повикувајќи на солидарност со украинскиот народ и бараат од Србија јасно да ја избере страната и да им се придружи на оние кои ја трпат руската инвазија.
Спроти нив, раздвоени од полицијата, се собраа членови и симпатизери на Новата комунистичка партија на Југославија (НКПЈ), кои ги повикаа српските власти да ја признаат независноста на, како што велат, Народните републики Доњецк и Луганск. Според известувачот на Н1, десетиците демонстранти извикувале „долу НАТО фашисти“. Оваа група демонстранти истакнале знамиња на СССР, на СКОЈ, како и фотографии на Сталин.
Синоќа во центарот на Белград се одржа протест за „поддршка на рускиот народ“, организиран од десничарски организации, на кој присуствиуаа повеќе илјади граѓани. Причина за протестот според организаторите, беше „огромната медиумска хајка на западните медиуми кои со денови ја напаѓаат Русија и рускиот народ и притисок врз режимот во Србија за да не се воведат санкции кон Русија“.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп