Во Белград и денеска студентски блокади на повеќе локации, излегоа и ученици од некои училишта
Во Белград денеска во 11:52 часот студентите и учениците им оддадоа почит на загинатите при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, што се случи на 1 ноември, а беа организирани и блокади на патиштата.
Покрај секојдневната блокада на Булеварот, кај споменикот Вук Караџиќ, каде веќе две недели се собираат студенти на техничките факултети, блокирана е и улицата „Цар Душан“ во Земун, во близина на Високата здравствена школа, објави Н1.
Неколку десетици ученици од Економското училиште во Белград го блокираа булеварот „Деспот Стефан“, додека ученици од Школата за графика во Нов Белград кратко ја прекинаа наставата и им оддадоа почит на загинатите на Железничката станица во Нови Сад.
А тие кои ја посетуваат Високата школа за електротехника излегоа во 11:52 часот на улицата „Војвода Степа“ во Белград.
Петнаесет минути молк има и на улицата „Цар Душан“ во Земун, во близина на Високата здравствена школа, на која, како што јави телевизијата Н1, денеска ќе има пленум, а потоа ќе видат дали и тие ќе се приклучат на блокадата.
Поддршка добија и од студентите од Земјоделскиот факултет кои дојдоа на таа улица. Петнаесет лица загинаа, а двајца се тешко повредени при уривање на покривот на Железничката станица во Нови Сад.
Студентите, меѓу другото, бараат одговорност за несреќата и сите кои ги нападнаа студентите на претходните собири да бидат кривично гонети, а надлежните тврдат дека ги исполниле нивните барања.
Ново на Сител
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
-
Совети за поцврста врска