Во Белград дојави за поставени над 50 бомби на 12 локации
Дојава за 50 бомби на 12 локации во Белград добиле дел од блеградските медиуми. Дојавата ја потрврди и српската полиција.
Во мејловите што ги добиле неколку белградски медиуми испратени од адреса на гмејл, се наведува дека девет бомби биле поставени во Студентскиот дом на булеварот Крал Александaр, една во Амбасадата на Белорусија, 17 бомби во Трговскиот центар Ушќе, две бомби во КФЦ на Студентскиот плоштад, девет на Аеродромот Никола Тесла (од кои четири на паркингот под цивилни автомобили), шест бомби во Трговскиот центар Делта Сити, една бомба на Филозофскиот факултет на вториот кат, четири бомби во зградата на Ректоратот на Белградскиот универзитет, две на Уметничкиот универзитет, три во Земунската болница, по една бомба во три обложувалници Меридијанбет.
-Вие сте сè уште тројанскиот коњ на Путин во Европа, сè уште се фотографирате со руски политичари, одржувате заедно разузнавачки проекти, таа ваша издрогирана будала Вулин доаѓа во Москва за да подготви дополнителни методи на репресија и угнетување и да ја шири волјата на Путин. Масовните четнички касапи и силувачи сега се ваши примерни граѓани, цајкани, војници, политичари, бизнисмени. Целата ваша земја е извалкана со невина крв и никој од вас нема храброст тоа да го осуди, се наведува во мејлот, додавајќи дека „ќе има крв до лактите”.
Во мејлот, покрај низата закани и пцовки, се споменуваат и поддржувачите на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Воислав Шешељ, Вук Драшковиќ и „Вагнеровците“.
Од МВР соопштија дека се во прашање повеќе локации за наводно поставени бомби, дека некои објекти се евакуирани и дека увидот е во тек.
Ново на Сител
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
