Во Барселона протест за поддршка на уапсените каталонски лидери
- Во Барселона синоќа се одржа протест за поддршка на двајцата каталонски сепаратистички лидери, кои ја поддржуваат независноста на Шпанија.
Учесниците, чиј број достигна до околу 200.000 луѓе, побараа ослободување на Жорди Санчес и Жорди Куишарт, водачите на „Националното собрание на Каталонија“ и „Омниум култура“.
Тие се осомничени за поттикнување бунт.
Дел од присутните, преку палење свеќи, изразија солидарност и скандираа „не сте сами“ и „слобода“. Дел имаа транспаренти со натписи „Слобода за политичките затвореници“ и „Европа, помогнете ни“.
На митингот се придружија и претставници на каталонската регионална Влада, како и на Градското собрание на Барселона.
Претходно, регионалниот премиер Карлос Пуџдемон и градоначалникот Ада Колау, заедно со голем број луѓе, присуствуваа пред зградата на Градското собрание, додека учесниците држеа голем транспарент на кој пишува „Во заштита на правата и слободата“.
Слични демонстрации се одржаа и во други градови.
Регионалната Влада на Каталонија оцени дека одлуката на Врховниот суд на Шпанија за одредување притвор на каталонските сепаратистички лидери претставува „провокација од страна на шпанската држава“.
Според шпанското Обвинителство, Санчес и Куишарт на 20 септември организирале група демонстранти, кои неколку часа ги попречувале обидите на националната полиција за претрес на седиштето на каталонската Влада во Барселона.
По одлуката за притовор на Санчес и Куишарт, кои имаа клучна улога во подготовките и организацијата на референдумот за независност на Каталонија одржан на 1 октомври, кој властите во Мадрид го прогласија за противзаконски, во Барселона и претходно беа организирани протести во кои учесниците маршираа низ улиците удирајќи во тенџериња и тави.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација