Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови

Во август годинава издададени се 280 одобренија за градење, за 1.8 проценти повеќе во однос на август лани. Најмногу одобренија за градење, 179, се за високоградба.
Југоисточниот е регионот со најмногу одобренија за градење во август, 61, по што следуваат Полошкиот со 60 и Скопскиот со 46. За изградба се предвидени 646 станови, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 241 279 000 денари, што е за 8 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63.9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11.1 процент) за нискоградба и 70 (25 проценти) за објекти за реконструкција. На 166 (59.3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (40.7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Предвидените 646 станови за изградба во извештајниот период се со вкупна корисна површина од 64 251 метри квадратни. Кај вкупниот број на станови во август годинава има зголемување за 21, 7 проценти во однос на август лани, а кај вкупната корисна површина за 22 проценти.
Одбренијата за градење во август покажуваат дека во Југоисточниот регион ќе се градат 267 станови, 232 во Југозападниот, 58 во Полошкиот, по 30 во Скопскиот и во Пелагонискиот, 22 во Вардарскиот, седум во Источниот а ниту еден во Североисточниот регион.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
