Свет
29. November 2016 - 9:45

ОН: Во Авганистан има над 500.000 внатрешно раселени лица

Конфликтот во Авганистан досега принуди над 500.000 луѓе да ги напуштат своите домови, се вели во извештај на Обединетите Нации, објавен вчера.

До 27 ноември, според официјалните резултати, бројот на раселени во Авганистан за годинава изнесува 511.762 лица. Покрај тоа, се зголемува и бројот на авганистански повратници од Пакистан.

- Досега во оваа 2016 година, 606.384 нерегистрирани Авганистанци, депортирани лица и бегалци се вратени назад, стои во извештајот.

Властите во Пакистан работат на депортација на околу 2,5 милиони авганистански имигранти, од кои некои се и повеќе од 30 години на територијата на Пакистан.