-->
-->
Во Атина застрелан маж пред основно училиште
-->
Грчката полиција соопшти дека вооружени лица убиеле еден маж, а една жена е повредена пред основно училиште во предградие на Атина. Инцидентот се случил додека родителите ги носеле децата на училиште.
Според полицијата најмалку две вооружени лица го нападнале мажот пред еден од споредните влезови на основното училиште во атинското предградие Глика Нера.
Се претпоставува дека инцидентот е поврзан со ривалство меѓу бандите, кои се занимаваат со уцени. Полицијата не соопштува други детали.
Полицијата истакна дека повредената жена, која била очевидец на инцидентот, е хоспитализирана и е вон животна опасност.
Училиштетот поради инцидентот денеска е затворено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија