Во Атина потврден вториот случај на индиски сој во Грција
Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) денеска соопшти дека во земјата е потврден втор случај на сојот Β.1.617.1 што преовладува во Индија, јави дописничката на МИА од Атина.
Првиот случај на индиската мутација беше потврдена во петокот во градот Патра, а вториот е во Атина, откриен при рапид тестовите што ги спроведуваат мобилните единици на ЕОДИ.
Станува збор за 33-годишна жена, странски државјани, која живее во Атина, а на 4 април се вратила од Дубаи со негативен ПЦР тест направен пред заминувањето.
По пристигнувањето во Грција се појавиле првите симптоми, но не било потребна хоспитализација, а во тек е проверка на контактите на жената.
Според Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) конкретниот вид Β.1.617.1, има низа мутации вклучувајќи ја и комбинацијата E484Q и L452R.
Кај вториот случај на индискиот сој, потврдени се и двете мутации, а потекнува од областа Махараштра во Индија.
За првиот случај, како што објави МИА во петокот, од ЕОДИ соопштија дека „не ја носи мутација E484Q, што се карактеризира како мутација што го избегнува имунолошкиот систем“, а според досегашните податоци од анализите, „сугерираат дека видот B.1.617 без мутација E484Q потекнува од САД, поконкретно од Калифорнија“.
Ново на Сител
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик