-->
-->
Во Атина минималната ноќна температура е над 30 степени
-->
Во повеќе делови на Грција, биле регистрирани високи температури и во текот на ноќта, а во атински населби веќе десет дена минималната ноќна температура е над 30 степени, според податоците од Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.
Во предградието Пиреас од 9 јули, во континуитет, во текот на целиот ден температурата се одржува на ниво од над 30 степени, а слична е ситуацијата и во други населби во Атина, особено во западниот дел на градот.
Топлотниот бран во Грција се очекува да кулминира во следните денови со температури до 43 степени Целзиусови.
Поради високите температури и денеска, исто како и вчера. Акропол и археолошките локалитети во Атина се затворени во периодот меѓу 12 и 17 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка