Свет
6. February 2017 - 9:08

Во Астана средба на експерти од Русија, Турција и Иран за примирјето во Сирија

Експерти од Русија, Турција и Иран се собраа денеска на техничка средба во Астана фокусирана на почитувањето на договорот за прекин на огнот во Сирија. ОН исто така е претставена на разговорите, наведе извор за Тасс.

Се очекува да учествува за првпат и Јордан во таква средба за Сирија, најавија од казахтанското МНР.

За време на разговорите ќе биде направена анализа за почитувањето на договорот за прекин на огнот и ќе бидат разгледани предлози на сириската вооружена опозиција за примирјето, како и изработка на мерки за контрола, зголемена доверба меѓу државите во сирискиот конфликт и хуманитарни прашња.

Посебно внимание ќе биде дадено на поделбата на умерените бунтовници од џихадистичката Џебхат Фатах ал Шам, кои до лани беа дел од Ал Каеда во Сирија.