Во април трошоците за живот повисоки за еден отсто
Трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со април 2016 година бележи пораст од еден отсто, а во однос на претходниот месец за 0,5 проценти. Пораст бележат и цените на мало за 2,2 отсто во споредба со април лани, а во однос на претходниот месец за 0,1 отсто.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 15,8 отсто, свежото и разладеното овошје за 11,7 отсто, компирите за 4,1 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,4 отсто, јајцата за 1,2 отсто, јогуртот за 0,7 отсто, цигарите за 0,5 отсто, другите преработки од месо, другите преработки од риба и морските плодови, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 отсто и лебот за 0,2 отсто.
Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај теписите и другите прекривки за под за 2,8 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2,0 отсто, осигурувањето за 1,8 отсто, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1,6 отсто, обувките за 1,2 отсто, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, услугите за рекреација и спорт и услугите за сместување за 0,9 отсто, игрите, играчките и хобија за 0,7 отсто, поправката на електричните апарати за 0,6 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,5 отсто, услугите за одржување и поправки на станот, другите лични предмети и финансиските услуги неспомнати на друго место за 0,3 отсто, облеката, големите електрични апарати, пакет-туристичките аранжмани, угостителските услуги и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите прехранбени производи за 1,3 отсто, месото за 1,2 отсто, замрзнатото овошје за 0,8 отсто, алкохолните пијалаци за 0,5 отсто, рибата и морските плодови за 0.4 отсто и изнутриците за 0,3 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 7,2 отсто, гасот за домаќинствата за 4,7 отсто, течните горива за домаќинствата за 4,2 отсто, телефон и телефакс опремата за 3 отсто, болничките услуги за 2,5 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,2 отсто, текстилот за домаќинствата и патничките автомобили за 0,6 отсто, алатите за опрема за куќа и градина, другите медицински производи и терапевтски апарати, услугите за култура и другите услуги неспомнати на друго место за 0,4 отсто, средствата за чистење и одржување на станот и авионскиот превоз на патници за 0,3 отсто.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела