Во април помалку пари во буџетот од придонеси и персонален данок | Сител Телевизија
Бизнис
13. јуни 2018 - 19:56

Во април помалку пари во буџетот од придонеси и персонален данок

Во април државата собрала помалу пари од придонеси и од персонален данок. Ако во март во буџетот средствата од придонесите изнесувале  4,7 милијарди денари , во април тие се помалку за 25 милиони  денари и изнесуваат 4,6 милијарди денари.  

Потфрлање има и кај персоналниот данок. Иако во првите три месеци средствата од персоналецот бележат раст, во април во буџетот парите по овој основ се помалку за 44 милиони денари.

Сликата за буџетот  во  првите четири месеци годинава покажува дека во овој период реализирани се само една третина од капиталните инвестиции. Најлоши се бројките за јануари. Во следните три месеци нема драстично подобрување на ситуацијата. Од март до април  за капитални инвестиции потрошени се 80 милиони денари.

Но и покрај ваквите  податоци од Владата се надеваат дека до крајот на  годинава ќе бидат реализирани 80 проценти од предвидените капитални инвестиции. Тие  се најзначајната ставка која придонесува за економскиот раст.

Според експертите токму капиталните инвестиции се причината за раст на економијата во првиот квартал годинава од само 0,1 процент.