Во април ќе се усогласуваат пензиите согласно трошоците на живот
- Пензиите за март што пензионерите ќе ги добијат во април ќе бидат покачени за 1,69 проценти, согласно законското усогласување на пензијата што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот. Овој процент на усогласување на пензиите ќе се исплати ретроактивно и за јануари, февруари и март годинава, исто така со мартовската пензија.
- Усогласувањето на пензиите се врши согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Според оваа одредба усогласувањето на пензијата се врши согласно движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50 проценти, велат за МИА од Министерството за труд и социјална политика.
Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Македонија во предходното полугодие, во однос на полугодието кое му претходи.
Минатата година пензиите се усогласиле согласно законската одредба одредба два пати годишно и вкупното усогласување изнесуваше 1,58%.
Ново на Сител
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал