Во Апелација седници за жалбите на четворица осомничени за настаните од 27 април

Почнаа јавните седници на кои Апелацискиот суд расправа по поднесените жалби на четворица осомничени за настаните во македонското Собрание од 27 април.
Судиите во Апелацискиот суд треба да одлучат дали е оправдан продолжениот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, на поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски, како и за жалбите на Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР.
Чавков пред тричлениот Судски совет на Апелацискиот суд изјави дека од материјалните докази ќе се види оти дал клучен придонес за спасување на животите на пратениците и нивна дислокација на безбедно. Посочи дека не се чувствува виновен, а случајот против него го оцени како апсурден.
Четворицата обвинети се дел од притворените за насилството во Собранието и се товарат за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Апелацискиот суд, како што објави МИА, вчера, на јавна седница ги разгледа и жалбите на актерот Владо Јовановски и осомничените Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и Оливер Поповски од Шестата управа. Одлуките за овие жалби се очекуваат денеска.
До Апелацискиот суд пристигнати се 18 жалби против продлжување на притворите на осомничените за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
На 27 декември, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифати предлогот на Обвинителството и на 23 осомничени им го продолжи притворот за уште 30 дена, а на шест мерката куќен притвор.
Меѓу нив се и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, како и Борис Дамовски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“.
Ново на Сител
-

Пленковиќ: Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена
-

По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина
-

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко | ВИДЕО
-

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
