Во Анкара протести поради уставните измени

Турската полиција денеска употреби солзавец и водени топови против стотината демонстранти кои протестираа пред Парламентот во Анкара поради планираните измени на Уставот, со кои е предвидено проширување на извршните надлежности на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Организатор на протестите е Републиканската народна партија (ЦХП), како и неколку невладини организации и здруженија на адвокатите.
Пратениците во турскиот Парламент во текот на денот ќе почнат расправа за планираните уставни промени. Се очекува амандманите да бидат изгласани бидејќи мнозинство во Меџлисот има Партијата за правда и развој (АКП), а потоа на пролет граѓаните ќе се изјаснат за нив на референдум. За да бидат прифатени, амандманите треба да ги поддржат 330 од вкупно 550-те пратеници во Собранието.
Со уставните промени се отвора патот Ердоган уште двапати да може да се кандидра за претседател на Турција.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
