Во Ангола загинаа 17 лица во стампедо на фудбалски стадион

Најмалку 17 лица, меѓу кои има и деца, загинаа денеска во стампедо на стадион во северниот дел на Ангола, а десетици се повредени, соопшти полицијата.
Паниката се прошири на фудбалскиот натпревар во Ангола, во покраината Ујиже, за време на мечот меѓу клубовите „Санта Рита де Касија“ и „Рекреативо де Либоло“, во рамките на домашната лига.
- На влезот на стадионот „4. јануари“, настана метеж, кој предизвика масовни жртви - 17 мртви и 56 повредени, кои се хоспитализирани, изјави портпаролот на полицијата Орландо Бернардо.
Тој додаде дека межу жртвите има и деца, но не се знае нивниот точен број.
Илјадници гледачи се обидоа да влезат на преполниот стадион со цел да го гледаат натпреварот, предизвикувајќи метеж, во кој луѓето паѓаа на земја, а причина за смртта на овие 17 лица е газење или задушување во метежот, соопшти полицијата.
Лошата контрола на публиката во Абиџан пред кавлификациите за Светското првенство 2010 доведе до 19 смртни случаи, а во стампедо во 2001 година, на стадионот „Акра“ во Гана, загинаа 127 лица.
Ново на Сител
-

Гаши: Денешниот ден да биде поттик за поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување
-

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
-

На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека
-

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД
-

Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите
-

Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин
-

Денеска е Св. Климент Охридски - Чудотворец
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
