-->
-->
Во Албанија утре ден на национална жалост
-->

Според оваа одлука, во сите државни и приватни институции, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.
Посебната државна комисија, со која претседаваше министерката за одбрана Олта Џачка, донесе одлука мајорот Тануши, кој беше командант на албанскиот контингент во Летонија, да го прогласи за „Херој на татковината“.
Тануши е роден во Пешкопеја на 31 октомври 1980 година, Тој живееше во Тирана со својата сопруга и трите малолетни деца. Во мисијата на НАТО во Летонија, заминал на 20 декември лани, од каде требаше да се врати следниот месец.
Ковчегот со посмртните останки на Тануши, што од Летонија пристигна вчера, утре ќе биде изложен во Националниот историски музеј во Тирана, по што ќе биде погребан на гробиштата „Народни херои“.
Тануши беше тешко повреден при експлозија на мина на 6 мај, а почина на 11 мај. Во експлозијата животот го загуби и 27-годишната капларка Зарифе Мухарем Хасанај, додека полесно беше повреден наредникот Јулиан Џеват Капај. Хасанај, исто така, беше прогласена за „Херој на татковината“, а со сите воени почести беше погребана на гробиштата „Народни херои“ на 10 мај.
Инцидентот се случил кога албанските војници демонтирале мини во рамки на мисијата на НАТО. Во ова мисија во Летонија албански војници учествуваат две години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми