Во Албанија уапсен припадник на терористичка организација ИД баран со меѓународна потерница

Во Албанија е упасен 24-годишен Таџикистанец, припадник на терористичката организација ИД, баран со меѓународна потерница.
Според полициското соопштение, припадниците на секторот за борба против тероризам, го уапсиле К.З. против кого на 21 април годинава германските власти распишале меѓународна потерница.
„Припадниците на секторот за борба против тероризам во соработка со Интерпол Тирана, успешно ја финализираа акцијата „посетител“. Во рамки на акцијата беше идентификувано и уапсено лицето К.З.(24) од Таџекистан, припадник на ИД,барано со меѓународна потерница издадена од германските власти, стои во соопштението.
Се додава дека германскиот суд го товари за учество во странска терористичка организација и за формирање терористичка ќелија во Германија за извршување џихад во име на ИД.
Предметот е предаден на Обвинителството во Основниот суд во Тирана со цел понатамошна законска процедура за негова екстрадиција во Германија.
Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
