Во Албанија тестирани 42 лица за коронавирус, нема потврдени случаи
Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Огерта Манастерлиу денеска изјави дека во Албанија нема ниту еден случај на заразен од коронавирус.
Според неа, тестирани се 42 сомнителни лица и кај сите резултатот бил негативен.
– Тестирани се 42 лица, нема потврдени случаи на коронавирус во Албанија. Ја поздравувам работата на нашите структури на терен, особено на граничните премини, каде се врши интензивна работа, и се проверува секој патник. Ја поздравувам работата и на Националниот ургентен центар, кој работи за пофалба, од телефонски повици до земање тестови во домашни услови, рече Манастерлиу, додавајќи дека се преземени сите неопходни мерки во образовните институции.
Директорот на канцеларијата на СЗО, Раул Гонзалес рече дека е потребна доверба во институциите и во експертите.
-Треба да им веруваме на нашите институции. Се зборува зошто во Албанија нема случаи. Мораме да им веруваме на експертите. Од ден на ден учиме во врска со овој вирус. Само што се вратив од Шпанија, каде има случаи од Ковид-19. Но, зошто нема случај во Албанија? Ние се уште учиме. Лицата кои биле идентификувани во Шпанија немале контакт со лица од погодените земји. Клучен елемент е да се избегнат дезинформациите. Не смееме да шириме лажни вести бидејќи тоа не е добро ниту за економијата, ниту за општеството, порача Гонзалес.
Првиот човек на Националниот ургентен центар Скендер Братај, информираше дека од 23 февруари на посебниот телефонски број 127 имало во просек по 1.300 јавувања дневно или вкупно 15.500.
Истовремено, реализирани се 3.800 домашни посети, 690 случаи се скенирани, а 42 се селектирани, но сите се негативни.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата