Во Албанија се обновуваат православни цркви

Албанската влада и Албанската православна црква почнаа со обнова на одделни објекти од Византискиот период,кои се наоѓаат во јужниот дел на земјата.
Стручни лица тврдат дека голем број стари албански православни цркви и уметнчки дела во нив се оштетени,бидејќи со децении биле оставени на забот на времето.
-Голем број од црквите се наоѓаат на живописни локации, а состојбата во која тие се наоѓаат ја отсликуваат политичката ситуација во Албанија во текот на минатиот век, јавуваат локални медуми,посочувајќи го како еден од многуте примери црквата „Свети Атанасиј“ во селото Лесница.
Во тој божји храм, веќе е изграден нов кров, а во тек се реставраторските работи на фреските.
Црквата во Лесница е украсена со фигури на светци со златни ореоли и библиски сцени во темно сина и црвена боја. Се верува дека е изградена во 1797 година, но врз основа на фреските се претпоставува дека е постара.
Повеќе од 60 отсто од албанските граѓани се припадници на исламската религија, а останатите се христијани.
За време на комунстичкиот период било забрането верското изразување а многу цркви и џамии биле урнати.По падот на комунизмот во Албанија признати се православната, католичката, исламската и бектешката верска заедница.
Ново на Сител
-

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
-

МВР: Во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари
-

Зеленски: Датумот или локацијата на новата рунда мировни преговори би можеле да бидат променети
-

ССМ најавува блокади од следната недела ако не се зголемат платите
-

Со уметност, емоција и солидарност официјално беше отворена Фондацијата „Фросина Кулакова“
-

Продолжуваат врнежите, в недела снег и на пониските места
-

Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети
-

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минималец
