Во Албанија рекордни 1.239 новозаразени, меѓу нив и министерот за одбрана
Во Албанија во последното деноноќие регистрран е нов негативен рекорд на заразени со Ковид-19, но и на пoчинати лица, како последица на опасниот вирус.
Според Министертвото за здравство и социјална заштита од направените 4.562 тестирања, позтивни на врусот се 1.239 што е 27 отсто од тестираните.
Меѓу новозаразените е и министрот за одбрана Нико Пелеши,кој објавувајќи ја веста на неговиот профил на Фејсбук, наведува дека има лесна форма на болеста.
-Со сета грижа и внимание во текот на сите овие месеци, направениот тест потврди дека сум позитивен на Ковид-19. За среќа, имам благи симптоми и сум во самозолација во мојот дом, од каде што ги обавувам должностите од далечина. Носете маска, напиша тој.
Пелеши не е прв член на кабинетот на премиерот Еди Рама,кој се заразил со опасниот вирус. До сега позитивни биле четворица министри,кои веќе се оздравени.
Како што информираше министерството забележана е и висока смртност, односно битката со опасниот вирус ја изгубиле 16 пациенти, од 58 до 84-годишна возрст,со што бројката на почнати се скачи на 1.488 Во исто време во списокот на оздравени се внесени 805 лица.
-Висока е бројката на активни случаи – 33.107, од кои 19.282 се во Тирана,која и понатаму е главно жариште на болеста, каде се 553 од новозаразените. Во четирите ковид болници се третираат 471 пациент, 23 се на интензивна терапија додека 11 се интубирани. Слободни болнички места има, зашто болниците располагаат со 550 легла, наведува Министертвото.
До сега во земјата се направени 394.242 тестови при што позитивен резултат е добен кај 87.528 што е 22,2 отсто од вкупно тестраните,оздравеле 52.933 лица.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
