Во Албанија нови 16 случаи со Ковид-19, вкупно 766 заразени
Во последното деноноќие во Албанија од тестираните 270 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 16 од нив, со што бројот на вкупно заразените од Ковид-19 во земајта се зголеми на 766 лица.
Од ново заразените девет се од Тирана, пет од Круја додека по еден од Скадар и Берат.
-Во исто време во списокот на излекувани се внесени уште 24 пациенти или вкупно 455 од вкупно заболените.Од 281 активен пациент на коронавирусот болнички се третираат само 10 отсто, додека останатите се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови. За жал и покрај напорите на лекарите битката со опасниот вирус до сега ја загубија 30 пациенти,кои боледуваа и од други болести,-информираше Еугена Томини, од Инситутот за јавно здравје.
Во Инфективната клиника и во болницата„Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 30 пациенти, од нив осум се на интензивна терапија,од кои двајца во тешка состојба.
Меѓу 27 пациенти во Инфективната клиника тројца се албански војници на КФОР кои пристигнале од Косово.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ