Во акција на турската полиција против џихадистите на ИД приведени 11 лица
Турската полиција денеска презела истовремена акција во три округа на земјата, насочена против терористичката група Исламска држава, информира агенцијата Анадолија.
Во акцијата на полицијата во окрузите Дијарбекир во југоисточна Турција, Балекешир, во северозападна Турција и Бингол, во источна Турција, приведени се вкупно 11 лица.
Анкара долго време е обвинувана за незаинтересиран однос кон ИД. Но, под притисок на своите сојузници и по серијата атентати на нејзина територија, за кои турските власти ја обвини џихадистичката група, Турција летово се приклучи кон антиџихадистичката коалиција предводена од САД, а која изведува напади врз цели на ИД во Сирија и Ирак.
По двојниот самоубиствен атентат во Анкара, на 10 октомври, што го однесе животот на 103 лица, турската полиција ги засили своите акции против џихадистичките ќелиии во Турција.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје