Во 22 населени места во земјата постои опасност од појава на антракс

Нема ново животно заболено од антракс а опасната заразна болест не е регистрирана кај луѓето, тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од АХВ велат дека покрај селото во Кичевско каде беше регистриран последниот случај на антракс кај овца, има уште 22 населени места во државата каде постои опасност од појава на болеста. Во тие места каде се појавувала болеста изминатите години, според АХВ се прави вакцинација на сите животни против антракс и тоа трае 20 години колку што може да опстои бактеријата во почвата.
Инаку во Кичевското село биле спалени 9 мрши на овци и ветеринарите пепелта ја ставиле во почва. Директорот на АХВ со уверување дека тешко може човек да се зарази со антракс од заразно месо, бидејќи при колење на животни мора да биде приложен здравствен сертификат. Вчера пак, од Ветеринарниот факултет соопштија дека нивни вработени кои ги правеле анализите на заболената овца, земаат превентивна терапија.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
