Внимателно возете, влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На магистралниот пат А2 Кичево – Охрид (на потег од Пресека до с. Песочан) од денеска 02.11.2019 г. поради изведување градежни работи (асфалтирање) наместа сообраќајот ќе се одвива со девијации (односно преминување од една во друга коловозна лента) за што ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Работите ќе се изведуваат во наредните 10 дена.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Паника на Волстрит: Остриот пад на акциите избриша милијарди долари од пазарот
-

Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
-

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10
-

„Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ ја тужат Калифорнија: Не сакаат ограничувања за деца под 16 години
-

Во Владата панел дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 - напредок и реформи“
-

Путин, Трамп и Украина: Се подготвува договор што може да ја опфати цела Европа
-

Шпанија ѝ доделува нова воена помош на Украина во вредност од 437 милиони евра
-

Масакр во Турција: Осум лица убиени, убиецот е во бегство
