Внимателно на патишта, опасност од одрони на повеќе делници
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Наместа влажни коловзи се бележат на повисоките места во северозападните и југозападните делови од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.
Ново на Сител
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар