Македонија
11. February 2021 - 16:55
Внатрепартиски избори во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Јас ја одбрав Македонија и организацијата, а тие одбираат да се слуги на Заев. Ова е коментарот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Инцијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во март за негова смена. Единствено место каде ќе се разговара за идните чекор на партијата, Мицкоски го бетонира ноемврискиот редовен конгрес за кој одлука синоќа донесе и Централниот комитет на партијата.
Мицкоски не беше избран на приватна забава и делегатите од конгресот кој го избраа, не организираат приватна забава на 28 Март, туку состанок на кој што ќе се расправа и одлучува за најважните прашања кои ја засегаат партијата и државата. ВМРО-ДПМНЕ не е, ниту смее да биде претворена во приватна сопственост на Мицкоски, велат од Инцијативниот одбор главно составен од поранешни партиски фунцкционери.
Но, Мицкоски не е единствениот лидер кој годинава ќе треба да се соочи со членството. И владејачката СДСМ оди на Конгрес и тоа со внатрепартиски избори токму за лидерската позиција. По шпекулациите дека Бојан Јовановски ќе конкурира за лидер на СДСМ од пратеничката група на СДСМ велат дека Заев е сигурен на претседателскотот столче
Конгресот на СДСМ се уште не е закажан, а во момементов тече ажурирање на членството.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->