ВМРО-НП ги поддржува уставните измени
ВМРО-Народна партија упатува порака и јасен став дека ќе гласа за измена и дополнување на Уставот се со цел конечно затворање на децениските проблеми на државата и конечно отпочнување на официјалните пристапни преговори за влез во Европската унија со отворањето на кластерите и реализација на потребните реформи.
Уште еднаш должни сме да кажеме дека со овие предлог уставни промени конечно Северна Македонија ќе добие избалансиран Устав кој во никој случај не го загрозува идентитетот, кој ќе не ослободи од багажот и потешкотиите со кои се соочуваме веќе години наназад, а притоа и ќе ни го отвори патот кон Европската унија.
Овие измени и дополнувања на Уставот се само уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Северна Македонија кон Европското семејство.
Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската унија.
ВМРО-Народна партија уште еднаш упатува апел до сите пратеници да преземат одговорност за иднината на Северна Македонија и го изберат вистинскиот пат за да Северна Македонија конечно го отпочне процесот на интегративни реформи диригиран од поглавјата кои допрва ќе треба да се отвараат.
ВМРО-Народна партија
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
