ВМРО: Македонската економија со СДСМ го допре дното

Македонската економија со СДСМ го допре дното.
Парите наместо да завршуваат кај граѓаните, тие завршуваат во џебовите на Заев и врхушката на СДСМ.
Власта ги зголеми даноците, ја зголеми акцизата на горивата и секојдневно им ги зголемува давачките на граѓаните, со што уште повеќе ги осиромашува.
СДСМ придонесе да има над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата, а долгот на државата вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП.
Заев со неговата Влада немаат намера да донесат подобар стандард за граѓаните и подобра економија за Република Македонија.
Поради тоа неопходни се предвремени парламентарни избори за што побрзо оваа власт си замине и започне обновата на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
