ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ќе се соочи со правдата порано или подоцна

Зоран Заев е повторно фатен во лага со која сака да избега од кривичната одговорност за криминалот што го вршел и порано или подоцна ќе се соочи со правдата, изјави на денешната прес-конференција Владимир Неловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев, рече тој, бил фатен и пријавен за обид да изнуди и украде пари од струмички бизнисмен, а на оние кои ги подриваат институциите и ја потценуваат интелигенцијата на народот, рече, не им е местото ниту во Собранието, ниту во политиката.
- Аболицираниот криминалец Зоран Заев бесрамно го лажеше судот, ги лажеше медиумите, ја лажеше јавноста. Тој за да го избегне судскиот процес во случајот Поткуп, најпрво лажеше под полна материјална и морална одговорност дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромеро и затоа не можел да дојде на рочиштето. За ова дојде демант директно од име на италијанскиот амбасадор. Кога оваа негова лага беше разоткриена, тој кажа нова невистина дека се сретнал со конзулот на амбасадата. Во овој случај самата амбасада го демантираше тоа, рече Неловски.
Според него, вистината на крајот покажала дека Заев неоправдано го одложувал своето појавување во судот затоа што наводно имал некаква средба со извесен Стојан Витанов, лице што не е вработено во италијанската амбасада. Амбасадата информираше, додаде тој, дека ова лице е само ангажирано, без финансиски надомест, во амбасадата како коресподент, но не е вработено, ниту е репрезент на амбасадата. Оцени дека аболицијата од Црвенковски за случајот Глобал, за Зоран Заев е сигнал дека тој е неказнив пред македонските судови.
- Заев ќе одговара пред судот за изнудата од типот едно евро за Црквата, едно евро за Вицето. Ако успеа да се спаси со аболиција за криминалот тежок 8 милиони евра, овојпат ќе одговара за рекетот кој го правел од позиција на градоначалник со кој сакал да се збогати за дополнителни речиси 200 илјади евра, рече Неловски.
Тој ги повика институциите на правдата, како што рече, да се одважат и да покажат дека нема да толерираат сериски лажговци и криминалци како Заев да се кријат зад превезот на политичари, а судовите да не подлегнуваат под притисоците за реизбор на судии и треба да ги санкционираат сите лаги.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
