Македонија
1. November 2023 - 16:39

ВМРО-ДПМНЕ „зготви“ 5.000 амандмани за законот за амнестија

Со 5.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира носењето на законот за аменстија. Информацијата денеска и официјално за Сител ја потврдија од опозициската партија. Од таму додаваат дека планираат целосна блокада на оваа точка на утрешната собрнаиска седница. Наспроти ова, Министерот за правда најавува дека пратнеици ќе ги убедува со слики од состојбата во која се наоѓаат затворите.

Интересно е што со законот за министерот Лога не се согласува ниту неговата заменичка во Министерството за правда која најави дека ќе поднесат амандамни за да спречат осудените за Монструм да бидат аменстирани.

Покрај оваа точка, на утрешната седница најавено е и распишување на оглас кој треба да го пополни празното место во ДИК, кое според законот треба да и припадне на албанската опозиција.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе даде поддршка новиот член на ДИК да дојде од редовите на здружената опозиција на Касами, Меџити и Гаши.
Меѓу точките кои се ставени на дневен ред е и интерпелацијата на Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески но во опозицијата се сомневаат дека власта ќе дозволи таа да се најде пред овој пратенички состав.