Македонија
7. August 2019 - 11:23

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците од СДСМ не добија ништо освен лаги и празни ветувања

Земјоделците од СДСМ не добија ништо освен лаги и празни ветувања.

Мерката „Зелена нафта“ е популистичка и неефикасна мерка.

Со ова СДСМ предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци.

СДСМ со мерката „Зелена нафта“ не ги решава проблемите на земјоделците со кои се соочуваат секој ден. Македонските земјоделци имаат проблем со пласманот и цената на нивните производи.

Ветуваа сигурен пласман и откуп на земјоделските производи, но земјоделците не добија ништо.

Земјоделците не добија подобри услови, нема откуп, нема повисоки откупни цени за земјоделските производи, има само криминал и обиди за изигрување на постоечките закони од страна на власта во име и само во интерес на луѓето блиски до СДСМ.

Но на сето ова ќе дојде крај, ќе дојде крај и на блескањето на Зоран Заев и на СДСМ, со распишување предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ кога ќе победи на предвремените парламентарни избори тогаш ќе започне реалната грижа за земјоделците.