ВМРО-ДПМНЕ: Здравството тоне, а пациентите го плаќаат тоа со своето здравје и живот

СДСМ е болест за здравството. Здравството тоне, а пациентите го плаќаат тоа со своето здравје и живот.
Владата е целосно безидејна и нема ниту еден проект во областа на здравството. Но, затоа е успешна и е во преземање, односно крадење на проектите во областа на здравството од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и по повеќе од една година само се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст, проект на ВМРО-ДПМНЕ со која беа опфатени 93% од децата до 14 годишна возраст во перидот од 2007 до 2017 година покажа одлични резултати. Просекот на заби со кариес кај децата во 2007 година, изнесувал 6.8 проценти , а во 2017 година е намален на 1.9 проценти. Ова го призна и самиот Филипче.
Оваа мерка како и најголемиот број од мерките имплементирани од ВМРО-ДПМНЕ, како во здравството, така и во сите други општествени сфери дава одлични резултати за граѓаните, од областа на здравствената заштита.
Венко Филипче и СДСМ ги признаа и потврдија успешните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во здравството и здравствената заштита. Филипче и СДСМ денес покажаа дека оваа Влада нема ништо сработено од областа на здравството, па мора да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
