-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Заев успеа да ги избрка потенцијалните странски инвеститори
-->
Македонската економија за првпат после подолг период има негативен раст. Зоран Заев успеа ги избрка потенцијалните странски инвеститори кои требаше да отворат 25000 работни места и да вбризгаат многу пари во македонската економија. Валдата на СДС за 100 дена ја задолжи Македонија за неверојатни 410 милиони евра, пари од кои граѓаните не видоа никаков ефект, а ќе треба да ги враќаат идните генерации. Без причина се стопрени изградбите на
автопатите кои покрај бенефитот од самата подобрена сообраќајна инфраструктура, придвижуваа и многу други економски гранки. Можното најавено покачување на даноците е причина повеќе за немањето нови инвестиции. Објавувањето на договорите со инвеститорите во јаввноста на кои има многу чуствителни информации е негативна препорака која ги одбива инвеститорите. Доколку Заев имаше капацитет да привлекува странски инвестиции тоа ќе
го направеше во Струмица и во индустриската зона Сачево, која со години зјае како празна ливада. Владата на СДС предводена од Заев нема капацитет да работи во интерес на граѓаните, да привлекува инвеститори и да отвора нови работни места. Граѓаните на Македонија ги видоа неспособноста и незаинтересираноста на СДС да ја подобрат економијата и условите за живеење и затоа на 15 откомври ќе ги казнат нивните политики, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници