ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Мијалков покажа дека постои мафија во државата, една шака луѓе кои ја ограбуваат земјата
Циркусот кој што го приреди власта на Заев во содејство со правосудните органи под негова контрола, покажа уште еднаш дека во Македонија не владее правна држава, туку мафијата и криминалот.
Бегството на Мијалков и неговото враќање е само една обична театарска претстава која не поминува веќе ни кај членовите на СДСМ. Впрочем во која земја бегалец од правдата откако ќе биде вратен, завршува со домашен притвор и низа други екстра поволности. Целиот договор, заедно со анексите е разобличен од јавноста и сите знаат дека се работи за евтин пазар со правдата, нешто кое што Заев во континуитет го прави.
Резултатите од таквиот договор се наѕираат и јавноста ги претпоставува. Затоа е нервозата кај власта толку голема. Затоа се хаотични во своите постапки, па час распишуваат потерници, час се жалат на системот, час глумат одлучност, час симнуваат телесна температура, час зборуваат за координирани акции. Вистината е дека реакцијата на јавноста и други фактори влијаеа да се пишманат и да се предоговараат.
Зоран Заев покажа дека е врвот на коруптивната и мафијашката пирамида во Македонија, а неговата единствена улога е да координира меѓу криминалните релации. Мафијата е таа шака луѓе кои ја ограбуваат државата, го осиромашуваат народот, а тие енормно се богатат. На ова се гледа крајот, а тоа ќе се оконча со крајот на власта на Заев.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран