ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја прифатил тиранската платформа и ја турка нејзината реализација

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение повторно обвини дека лидерот на СДСМ Зоран Заев против волјата на граѓаните ја прифатил тиранската платформа и ја турка нејзината реализација, за што потврдиле Мухамед Зекири од неговата партија и Зијадин Села од Алијансата на Албанците кој, како што наведува, јавно кажал дека без реализирање на таа платформа нема да влезе во влада.
- Зијадин Села е човекот од кого ќе зависи идното владино мнозинство на Заев, а кој јавно кажува дека македонската нација пред 100 години не постоела, дека не го признава македонското знаме и химна и дека сака да ги смени и нив и Уставот. Криминалецот Заев молчи на ваквите изјави на својот иден владин партнер, како што молчеше и тој и СДС на антидржавните изјави на Еди Рама и Дитмир Бушати, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, граѓаните се постизборно измамени бидејќи, велат, Заев им сервирал нешто за што не гласале на избори, поради што со право се револтирани.
- Граѓаните се против секакви странски платформи и мешања во внатрешните работи на Македонија. Тоа секој ден јасно го кажуваат на улиците ширум Македонија и тоа треба да се почитува, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
