-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Заев излажа за да одложи судско рочиште
-->

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара, како што наведе членот на партијата Драган Данев, институциите веќе да не ги толерираат манипулациите на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој, како што беше посочено, го излажал судот само за да одложи рочиште.
– Аболицираниот криминалец Зоран Заев ја потврди точноста и вистинитоста на народната изрека „Кој лаже, тој краде“, рече на прес-конференција членот на партијата Драган Данев, посочувајќи дека претседателот на СДСМ под целосна морална и материјална одговорност, на судски записник го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео.
Данев рече дека Заев го лажел судот „без око да му трепне“ само за уште еднаш да одложи рочиште и да го развлече предметот за поткуп што го барал од струмички бизнисмен. На истото рочиште, додаде тој, најпрвин бараше изземање на обвинителот и, како што рече, повторно со лага дека се водела кривична постапка против него.
Данев рече ваквиот однос на Заев кон државата и институциите мора да прекине.
– Институциите не смеат веќе да ги толерираат манипулациите на патолошките лажговци. Заев мора да одговара за изнудата врз струмичкиот бизнисмен, рече тој, додавајќи дека Заев се товари дека сакал да се збогати за дополнителни речиси 200.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година
-
Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти
-
Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени