ВМРО-ДПМНЕ: Заев инсталира свој пиун во СДСМ во името на Ковачевски, тоа е доказ дека ја приватизирал во целост партијата
СДСМ прави театар со изборите на нов лидер. Веќе на сите им е јасно дека лидер на СДСМ останува Зоран Заев, а Димитар Ковачевски ќе биде само негов пиун. За каква демократија зборува Заев кога само потврди дека СДСМ ја претворил во приватна компанија, испостава на кланот Заеви, во која ангажира само обичен менаџер. Впрочем затоа 20 илјади членови на СДСМ помалку се пријавиле за гласање, затоа што се разочарани од Заев и заевизмот и целата фарса со изборот на „нов лидер".
Токму пиунот Ковачевски треба да менаџира со заевизмот во СДСМ. Ништо не се менува. Апсолутно останува истата матрица која Македонија ја претвори во најкорумпирана држава во Европа, земја на нарко мафијата во која шверцање на 1 тон дрога е нормална работа, во која нема фонд кој не се злоупотребува, земја во која над 600 илјади луѓе живеат во сиромаштија, земја во која 16 милијарди евра се потрошија за 4 години а ништо не се изгради, земја без перспектива со најсиромашен и најнесреќен народ. Македонија доволно страдаше од заевизмот и не и треба продолжување на тонењето со пиунот Ковачевски.
Македонија треба да расчисти со заевизмот и пиуните на Заев за да напредува.
Ново на Сител
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
