ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се елементарна непогода за македонската економија
Криминално рекетарската влада на Зоран Заев и СДСМ е елементарна непогода за македонската економија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев и СДСМ наместо животот кој го ветуваа за три години донесоа беда и крпен живот за граѓаните на Република Македонија. Погрешните економски политики но и зголемените даноци на СДСМ донесоа огромна штета на граѓаните и бизнисите во земјава. Економското цунами како и рекетот кој го спроведува власта секојдневно ги осиромашува граѓаните, ги уништува бизнисите и ги одвраќа инвеститорите. Во ситуација кога регионот бележи економски подем и рекорден раст на странски директни инвестиции, Македонија со СДСМ има рекорден пад од 84,2% за периодот јануари – јуни споредени со минатата година. Македонија со СДСМ во првата половина на 2019 година има ниски 48,7% милиони евра странски инвеститори, додека пак Србија има 1,7 милијарди евра, Словенија 561 милион, а Бугарија 286 милиони евра. Тоа значи дека по глава на жител Бугарија е 2 пати подобра од Македонија, Словенија 11 пати, а Србија дури 22 пати подобра од Македонија. Погрешните мерки на власта се одразија и во индустријата каде за само една година имаме пад на бројот на работници од 2,5%, односно на 100.000 работници Македонија има 2.500 помалку. Капиталните инвестиции повторно се на најниско ниво и изнесуваат само 24,5%, но затоа пак долгот е на највисоко ниво и тој надмина 5 милијарди со што ја надмина психолошката граница од 50% од БДП. СДСМ ги троши највисоките буџети во историјата на Република Македонија, а немаат направено никаков развоен проект кој ќе ја подигне економијата и граѓаните немаат видено никаков бенефит. Граѓаните наместо да стануваат побогати власта постојано ги прави посиромашни со тоа што им ги зголемува давачките, даноците и секојдневно ги ограбува преку непотизам и наместени тендери, грантови кои завршуваат кај криминалците блиски до Зоран Заев и врхушката од власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ и Зоран Заев единствено покажаа дека знаат да крадат, лажат и уништуваат. Бедата која тие ја донесоа не смее да продолжи. Токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за конечно да си замине оваа криминално рекетарска влада на СДСМ и да започне обновата на Македонија.
Ново на Сител
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп